Oдлична вест за сите кои планираат летен одмор на хрватското приморје

Квалитетот на водата за пливање во Хрватска сè уште е меѓу највисоките во Европа, а на прво место кога се во прашање крајбрежните базени, се вели во извештајот објавен во вторникот на Европската комисија и Европската агенција за животна средина.

Според извештајот со податоци за минатата година, најголем дел од одличните води за капење има во Грција, Хрватска, Кипар и Австрија. Извештајот опфаќа 27 земји-членки, како и Албанија и Швајцарија.

Според директивата за водите за капење, квалитетот на водата за капење се оценува врз основа на микробиолошки податоци и се класифицира на води со слаб, задоволителен, добар и одличен квалитет.

Квалитетот на крајбрежните води за капење во Европа е генерално подобар од копнените води.

Од 936 базени тестирани во 2023 година во Хрватска, 905 или 96,7 отсто биле со одличен квалитет, 22 со добар и 5 со задоволителен квалитет. Ниедна не беше со слаб квалитет.

Кога станува збор само за крајбрежните капалишта, Хрватска е на прво место во Европа, од 894 испитани води, 886 од нив биле со одличен квалитет, што е 99,1 отсто.

Што се однесува до копнените води за капење, од 42 испитани капалишта, 19 од нив имале вода со одличен квалитет, односно 45,2 отсто, 18 биле со добар квалитет и три со задоволителен квалитет.