Одложено испраќање на гас во Европа: Американската компанија ја прекина работата – најмалку три недели

141

Транспортот на природен гас за Европа ќе биде одложен.

Причината е што една од водечките американски компании за производство на течен природен гас, Freeport LNG, престана да работи најмалку три недели.

Престанокот на работата на фабриката, која обезбедува околу 20 отсто од капацитетот за преработка на ЛНГ во САД, уследи по вчерашната експлозија во нејзината фабрика во Мексиканскиот залив, објави Ројтерс.

Во минатото фабриката испраќаше најголем дел од својот гас во Јапонија и Кореја, но прекинот во нејзината работа ќе влијае и на Европа.

Сепак, ризикот останува доколку затворањето се продолжи на подолг период, велат аналитичарите.