Tesla планира да изгради нова гигафабрика во близина на Остин, Тексас, објави сопственикoт Илон Маск.
“Просторот на којшто ќе се гради фабриката опфаќа околу 2.000 хектари и ќе биде оддалечена 15 минути од центарот на Остин“, рече Маск.
Фабриката, како што најави, ќе биде еколошки рај и ќе биде отворена за јавноста, пренесува CNBC.
“Ќе изградиме фабрика што ќе биде неверојатна. Тоа ќе биде практично еколошки рај“, рече Маск. Тој додаде дека во близина ќе има велосипедски и пешачки патеки.
Tesla во таа фабрика ги ќе произведува модели Cybertrack, Model 3 и Model Y за источниот дел на Северна Америка.
Gigafactory 4 ќе биде во Берлин, а претходните три такви фабрики се во: Невада, Њујорк и Шангај.
Фото: Facebook