Одобрени 50 милиони долари за конкуретни развојни политики од Светска Банка

18

Македонија го доби Првиот програмски заем за конкурентни развојни политики во износ од 50 милиони долари од Светска Банка. Овој заем е првиот од двете програмски активности кои ќе ги поддржат реформите за зајакнување на конкуретноста на македонската економија.

Проектот ја поддржува програмата на Владата, насочена кон зајакнување на конкурентноста на стопанството преку мотивирање на продуктивните инвестиции и технолошка надградба на производството, агробизнисот и секторот за трговска логистика, како и креирање на услови за прогресивно зголемување на флексибилноста на пазарот на труд и развојот на вештини, соопшти Канцеларијата на Светка Банка.

Лидерот на тимот на Светска банка, Џон Габриел Годар, истакнува дека поддржаните активности се со цел да се развие производството со висока вредност, да се олесни реструктуирањето на агробизнисот и да се добие подобра ефикасност на трговско-логистичките услуги.

Тој исто така посочи дека сето тое ќе се постигне преку приоритетните активности кои ги поттикнуваат инвестициите и технолошката надградба, како и преку отстранувањето на пречките кои ги попречуваат влезот и развојот на компаниите во главните извозно ориентирани сектори во економијата.

“Во комбинација со подобрувањата кои Македонија ги оствари генерално во деловното опкружување, оваа реформска програма има потенцијал да го зголеми економскиот раст на среден рок”, истакнува Годар.

Проектот работи и на подобрување на ефективноста на јавните програми кои го поддржуваат развојот на приватниот сектор и со тоа ја зголемува ефикасноста на јавната потрошувачка. Со подобрување на институционалната основа и буџет за овие поддржани програми, заемот ќе ја зголеми ефикасноста на јавната потрошувачка и ќе ја зајакне одговорноста.

“Овие активности, поддржани од Заемот за развојни политики ќе придонесе за постигнување на развојните цели во рамките на столбот за Конкурентност од Стратегијата за партнерство со земјата 2011-14“, вели Лилија Бурунчук, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.