Одредени пластични производи за еднократна употреба од денеска забранети во Грција

157

Пластични производи за еднократна употреба како што се прибор за јадење, чинии, сламки, чаши, производи од стиропор, кутии за храна од стиропор, стапчиња за уши, капаци за чаши, од денеска се забранети за употреба во Грција, согласно законот што важи во сите земји од Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот закон, во Грција беше изгласан во октомври 2020 година, а од февруари, државниот сектор во земјата повеќе не користи пластика за една употреба.

Од Министерството за животна средина на Грција, соопштуваат дека согласно студиите на европско ниво, 80-85% од морскиот отпад пронајден на плажите во Европската унија е пластика, а 50% се пластични производи за еднократна употреба.

Фото: Pixabay