ОЕЦД: Закрепнувањето на големите економии забавува

44

Заздравувањето на големите економии од пандемијата малку забавува, објави во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), предупредувајќи дека Ковид-19 продолжува да создава неизвесност и да ги продлабочува разликите поради нееднаквиот пристап до вакцината.

Кина може да очекува “стабилен раст“ во индустријата, а многу земји од Европската унија, Обединетото Кралство, Јапонија и САД имаат “умерена стапка на раст“ на економијата во целина, но над долгорочниот тренд, предвидува ОЕЦД.

Прогнозите на ОЕЦД се базираат на индикатор кој треба да предвиди можни пресвртни точки во економската активност во однос на трендот.

Во мај, организацијата процени дека светската економија треба да порасне скоро 6% оваа година, иако растот најверојатно ќе биде “нерамномерен“, бидејќи поголемите и побогатите земји закрепнуваат побрзо од посиромашните благодарение на вакцинирањето на граѓаните и укинувањето на ограничувањата.

Светска банка, исто така, очекува “нерамномерно“ закрепнување, предвидувајќи дека светскиот БДП ќе порасне за 5,6 % оваа година. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) пред две недели потврди дека оваа година очекува раст на светската економија од 6%.

Фото: Freepik