OffGridBox – барака што обезбедува вода и струја каде што е потребно

19

2

Фото: OffGridBox

Компанија од Италија ефикасно го реши проблемот на заедниците коишто немаат пристап до електрична енергија и чиста вода за пиење, пишува Inhabitat. Станува збор за компактна мала барака наречена OffGridBox, со височина и ширина од 1,8 метри, која што ја генерира, конвертира и складира сончевата енергија. Освен тоа, бараката собира, прочистува и обезбедува чиста вода за пиење. Нејзината цена изнесува 15.000 долари.

Основачот и извршен директор, Емилијано Чекини веќе има продадени неколку вакви бараки, но како што вели сè уште ја нема најдено формулата како да го спроведе ова решение на глобално ниво.

Една OffGridBox може да услужи 1.500 луѓе. Основниот модел е опремен со 12 сончеви модули, инвертер и батерии за складирање на енергијата. Овој систем обезбедува доволно енергија да наполни 300 батерии коишто можат да наполнат три LED сијалици и два мобилни телефони за четири часа. Бараката има вграден систем за филтрација на водата како и вграден резервоар за складирање кој што може да собере до 1.500 литри вода.

Компанијата моментално работи на нов модел којшто ќе чини многу помалку со цел да биде достапен за сите корисници. Според Чекини една четиричлена фамилија ќе плати само 12 центи за вода, додека батериите ќе бидат субвенционирани од компанијата. Овој пристап моментално се тестира во Руанда, каде што компанијата планира да инсталира бараки во 18 села, а во блиска иднина планирано е секоја од нив да биде опремена и со Wi-Fi.