Официјално промовиран Windows 10 во Македонија

23

vin

Во киното Cineplexx вчера беше организиран Windows 10 ден каде официјално во Македонија Microsoft го промовираше својот нов оперативен систем пред партнерите и деловните корисници.

“Неверојатниот раст на Windows 10 на светскиот пазар за само нешто повеќе од еден месец е доволен податок дека Microsoft направи огромен чекор кон остварувањето на визијата во придвижувањето на луѓето вистински да го сакаат Windows. После само еден месец повеќе од 75 милиони уреди во светот работат на Windows 10, а според очекувањата на Microsoft, во рок од 2 години целта е да има една милијарда уреди со инсталирана верзија на најновиот оперативен систем“, се вели во соопштението

Windows 10 e без конкуренција најдобриот Windows кој досега бил објавен и во него се собрани најдобрите искуства, знаење, технологии и иновации. Windows 10 им овозможува на луѓето и организациите да ја зголемат продуктивноста во работењето и целосно да ги реализираат своите потенцијали.

Microsoft испорачува единствена платформа која работи на широк дијапазон производи. Има единствена виртуелна продавница за апликации (Store) и единствено искуство на сите уреди почнувајќи од најмалите до најголемите екрани. За Microsoft, Windows 10 означува почеток на реализацијата на својата визија за персонализација на компјутерите, односно нивно приближување до потребите на луѓето и начинот на конзумација, визијата  “more personal computing”.

Инаку, Windows 10 доаѓа како бесплатна надоградба која ќе биде достапна на квалификувани нови и постоечки корисници на Windows и Windows 8.1 уреди. Тоа е така бидејќи со тоа Microsoft сака поголем дел од корисниците на Windows оперативните системи да преминат на Windows 10, бидејќи е целосно посветен и фокусиран да го одржува максимално безбеден и постојано ќе воведува нови можности и функционалности, без дополнително плаќање за истите.

Она што е интересно, а беше и посочено вчера на настанот е идејата на Microsoft: еден оперативен систем за низа производи: од телефони и таблет компјутери, па сè до Xbox и десктоп компјутери.