Официјално, Ролекс ќе го мери времето на Формула 1 трките

47

Компанијата за изработка на луксузните часовни Ролекс, потпиша договор за глобално партнерство со Формула 1, со што од 2013 официјално ќе го мери времето на Ф1 трките.

Од Ролекс изјавија дека овој договор ја покажува нивната посветеност на трките и  максималната поддршка на спортот во светски размери.

Логото на Ролекс ќе биде поставено околу патеките на Ф1, а компанијата планира да го зголеми своето присуство на овој спорт во следните години.

“Ролекс е несомнено најдобриот партнер што може да се избере за спорт од светски размери како што е Формула 1. Престижот на брендот, совршеноста на неговите часовници, како и долгата традиција на посветеност на моторните спортови го прави Ролекс достоен за почит. Затоа Формула 1 е вистинското место за Ролекс”, изјави Берни Еклестон, главниот извршен директор на Ф1.

Пред потпишувањето на договорот со Ролекс, шведскиот бренд Хублот беше официјалниот мерач на време на Ф1 трките.