Министерството за економија објави јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2016 година.
Со цел да се стимулира користењето на сончевата енергија во земјава, купувачите кои ќе купат и вградат сончев термален колекторски систем, заклучно со 31-ви мај оваа година, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на дел од средствата што ги потрошиле за обезбедување на системите до 30% под услов да не го искористил ова право од претходните огласи.
Право на учество имаат купувачи кои ќе купат и вградат соларни колектори во својот дом по денот на објавување на огласот заклучно со 31-ви мај.
Барањето за искористување на правото на надоместок на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Министерството за економија по пошта на адресата Јуриј Гагарин број 15 или во архивата на Министерството секој работен ден од 9:30 до 15:00 часот.