Огромен пад на продажбата на нови автомобили во Србија

45

saem bgПродажбата на нови автомобили во Србија никогаш не била толку слаба како сега. Салоните стојат празни, а некои и се затвораат. Во јануари се продадени само 800 нови возила, за разлика од минатата година, кога во првиот месец се продадени 1.573 автомобили, пишува Новости.

Претседателот на српската Асоцијација за увоз на автомобили, Милош Петровиќ, вели дека податоците се уште не се комплетирани, но веќе е јасно дека ситуацијата е повеќе од драматична.

“Јануари од многу причини е секогаш послаб месец за нас, но ова се граничи со катастрофа”, вели Петровиќ и додава дека заинтересираните за купување нов автомобил го чекаат Саемот на автомобили што во март ќе се одржи во Белград, каде цените ќе бидат пониски.

Минатата година во Србија прв пат се регистрирани 120.000 возила. Од нив, нови сопственици добиле 22.000 возила. Се проценува дека бројот на нови продадени автомобили оваа година ќе потоне на 16.000.