Огромни торби полни со биогас обезбедуваат гориво за четири часа готвење

53

torba so metan

Низ улиците на еден град во Етиопија може да се забележат млади момчиња како на својот грб носат огромни торби со голема леснотија, пишува Inhabitat.

Станува збор за специјални ранци исполнети со биогас, коишто се дел од проектот на германската старт – ап компанија (B) energy. Оваа компанија им помага на луѓето да креираат сопствен бизнис за производство и продажба на метан.

torba so gas

За да се произведе метанот, локалните жители собираат измет и органски отпад. Ферментацијата на отпадот се одвива во посебен простор којшто е покриен за да се забрза процесот. Низ посебен систем тече гасот, којшто ги полни огромните торби со метан потребен на домаќинките за подготовка на храна за околу 4 часа на своите семејства.

Ова е од особено значење во региони каде готвењето на јаглен или дрво е скапо. Токму затоа, биогасот служи како евтина и чиста алтернатива.