Ohoo – меурче полно со вода што ќе ги замени пластичните шишиња

22

meur-so-voda

Фото: Facebook

Skipping rock lab создаде меур полн со вода, што може ја замени големата употреба на пластични шишиња за вода во светот, пишува Design Boom.

Станува збор за Ohoo транспарентни меурчиња полни со вода, коишто се изработени од природен екстракт од алги. Мембраната на меурчињата се разградува за само четири до шест недели, исто како и било кое овошје.

Оваа обвивка може да има и различен вкус или боја, а освен за вода, може да се користи и за други видови на течности, како што се безалкохолни, алкохолни пијалаци и козметички препарати.