Охридска Банка дел од Скопски маратон

32

Тимот на Охридска банка Сосиете Женерал трчаше на Скопскиот маратон за поддршка на
деца со Даунов синдром и интелектуална попреченост. Вкупно 41 вработен трчаа за да им овозможат на децата од Посебното основно училиште Др.Златан Сремец да учествуваат на 12. Меѓународен специјален атлетски фестивал во Истанбул, Турција.

Тимот на Охридска банка Сосиете Женерал и оваа година учествуваше на Скопскиот Wizz Air маратон, што се одржа на 6 мај, 2018 година. Вработените трчаа со голема мотивација да ја завршат трката, затоа што за секој истрчан километар на маратонците се донираа по 360 денари за децата и младинци од Посебното основно училиште Др. Златан Сремец. Износот на вкупната донација изнесува 75.000 денари. Средствата од донацијата ќе се искористат за купување на авионски билети за учество на десет деца и младинци на овој меѓународен атлетски фестивал, во придружба на шест дефектолози.

“Учеството на овој маратон за нас не е само обична спортска-тим билдинг активност, за нас секогаш е предизвик повеќе. Традиционално секоја година, Банката ги мотивира своите вработени што помасовно да учествуваат на овој голем настан, одвојувајќи финансиски средства за секој истрчан километар. Па така, оваа хуманитарна трка, освен лична сатисфакција, претставува и предизвик за хуманост. Нашите вработени и овој пат покажаа дека се подготвени да одговорат на предизвици и надвор од нивните секојдневни
работни обврски. Охридска банка Сосиете Женерал како општествено одговорна компанија ја покажа својата посветеност кон општестото со обрнување внимание на децата со Даунов синдром и интелектуална попреченост, овозможувајќи им учество на 12. Меѓународен специјален атлетски фестивал во Истанбул“, изјави Катерина Петровска, Раководител на Дирекцијата за маркетинг.

Воедно, оваа трка претставува дел од програмата Време за општествена одговорност на Охридска банка Сосиете Женерал како дел од интернационалната програма на групацијата Сосиете Женерал, во која вработените доброволно го минуваат своето време во спортски, едукативни и хуманитарни активности.

Минатата година, тимот на Охридска банка Сосиете Женерал донираше средства за Здружението на слепи лица на Република Македонија за набавка на машини за пишување. Охридска банка Сосиете Женерал останува посветена на своите заложби да дејствува како одговорен корпоративен граѓанин кој постојано придонесува во заедницата во која работи, а со тоа и да претставува пример за добри општествени практики