Охридска банка донира за настраданите во поплавите

37

ohridska-banka

Охридска банка Сосиете Женерал ја дава својата поддршка и помош за настраданите семејства во поплавите, стои во соопштението.

“Имајќи ја предвид моменталната состојба и итните потреби на населението во најпогодените населби, а во координација со Црвениот Крст на Македонија, Охридска банка Сосиете Женерал донира храна, покривки и сигурносни обувки. Поточно, донацијата се состои од 350 фротирски покривки, 200 гумени чизми и 4.300 парчиња, односно 500 килограми конзервирана храна“, стои во соопштението.

Дел од донацијата ќе биде ставена на располагање на Црвениот Крст на Македонија, а останатиот дел денеска беше директно испорачан од тимот волонтери од Охридска банка Сосиете Женерал до најзагрозените од поплавите, жителите на Попово Маало во село Стајковци.

Вредноста на донацијата обезбедена од средства на банката и од донација на вработените во банката изнесува 600.000 денари.

Охридска банка Сосиете Женерал верува дека оваа донација ќе значи ублажување на последиците од невремето и верува дека семејствата во најбрз можен рок ќе бидат на сигурно во своите обновени домови.