Охридска банка донираше ботаничка градина на Домот за деца без родители

28

ohridska-banka

Охридска банка, Сосиете женерал, донираше ботаничка градина на Домот за деца без родители 11 Октомври во Скопје.

Од денеска, 64 деца од домот ќе се грижат за растенијата во новоизградената ботаничка градина во рамките на домот. Градината е со површина од 40 метри квадратни, а нејзината изградба започна во декември минатата година.

За неполни месец и половина, Домот за деца без родители 11 Октомври доби прекрасен простор во кој децата, освен грижата за растенијата, ќе имаат можност да учат и да истражуваат. Средствата наменети за новогодишни подароци за корпоративни клиенти, годинава, Банката ги пренамени во хумана цел. Во координација со раководните лица на Домот и согледувајќи ги потребите на институцијата, Охридска банка, Сосиете женерал одлучи да ја поддржи изградбата на стаклена градина.

Ботаничката градина во Домот е прва од ваков тип и претставува вистинска зелена оаза сред градскиот асфалт.

“Во името на сите деца и вработени во нашата установа ЈУДД 11 Октомври, изразувам голема благодарност до нашиот донатор – Охридска банка, која ни донира прекрасна ботаничка градина и со тоа ја покажа својата хуманост и општествена одговорност. Нашите деца сега ќе имаат можност да се запознаваат со градинарството и хортикултурата, а воедно и со биологијата. Ќе научат како од семе се создава здрава храна што потоа тие самите ќе ја консумираат. Оваа хуманост нека биде поттик и за другите организации да бидат општествено одговорни и да помагаат за подобар раст и развој на овие дечиња“, изјави Ристенка Атанасова, директор на Домот за деца без родители ЈУДД 11 Октомври.

“Уверени сме дека овој простор со своите содржини ќе придонесе кон подигнување на нивото на интерес кај децата за природните науки и ќе ја поттикне нивната љубопитност и желбата за истражување. Проектот има своја социјална и образовна нишка во еден исклучително значаен период од развојот на децата“, изјави Нина Неданоска, директор на секторот Корпоративно и инвестициско банкарство на Охридска банка, Сосиете женерал.

Со оваа донација, Охридска банка Сосиете женерал уште еднаш ја потврди својата солидарност кон најранливите групи во општеството и посветеноста кон општествено одговорните практики коишто, меѓу другото, се препознатлив белег на нејзиниот корпоративен идентитет. Охридска банка,Сосиете женерал останува посветена на своите заложби да биде одговорен корпоративен граѓанин, да придонесува во заедницата во која работи и да биде пример чии добри практики ќе ги следат и останатите субјекти на пазарот