Охридска банка го продолжува промотивниот период за кредити

21

SONY DSC

Охридска банка го продолжува промотивниот период со намалени каматни стапни за кредити за физички лица до први август оваа година.

Уникатната понуда на кредити Плус осигурување, како што се наведува во соопштението, им овозможува на клиентите комбинација на најповолни услови со дополнителна заштита.

Охридска банка, групација Сосиете женерал, одобрува кредити со кредитно животно осигурување, со намалените каматни стапки и без административни трошоци. Станува збор за станбен кредит, кеш експрес кредит и компакт кредит за рефинансирање.

Основниот пакет на осигурување со 0,44% осигурителна премија, со која се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа, е исто така достапен за сите апликанти за станбен кредит. Охридска банка, исто така, овозможува осигурување на пречекорување на сметка за ниска осигурителна премија до 23 денари месечно, нудејќи бројни предности за клиентите: поголема сигурност, брзо и лесно аплицирање и едноставен начин на плаќање директно од трансакциската сметка на клиентот.