Охридска банка најдобра банка во Македонија за 2018 според Global Finance

11

Публикацијата на Светска Банка, Global Finance, 25-ти пат по ред ја објави листата на добитници на престижната награда Најдобра банка за 2018 година за земјите од Централна и Источна Европа.
Трета година во низа, единствена банка од Македонија, која го добива ова престижно признание е токму Охридска банка Сосиете Женерал, која неодамна одбележа 10 години од постоењето на Сосиете Женерал во Македонија.

Ова престижно признание за Најдобра банка во Македонија за 2018 година, Global Finance и оваа година го додели на Охридска банка Сосиете Женерал, земјаќи во предвид низа објективни и мерливи критериуми како профитабилност, раст на актива, стратешки партнерства, бизнис развој, иновативни производи, но истовремено земајќи во предвид и низа субјективни ставови на аналитичари и експерти од банкарската индустрија.

“Горди сме што трета година по ред од етаблирани светски аналитичари, Охридска банка Сосиете Женерал е препознаена и прогласена за Најдобра Банка во Македонија. Оваа награда е само потврда за посветеноста на целиот тим на Банката кон одговорно и квалитетно делување и остварување на поставените цели. Како дел од банкарската индустрија во земјата, а носејќи ја гордо тежината на нашата Групација, продожуваме за работиме тимски, кон зајакнување на нашата позиција на пазарот, воведувајќи нови иновативни решенија, кои ќе им го олеснат работењето на клиентите од една страна и ќе создадат уште поголема доверба и лојалност од друга страна. Ваквите признанија и меѓународни награди се само уште еден мотив повеќе да продолжиме по патот на остварување на поставените цели, јакнење на учеството на пазарот, создавање нови иновативни производи наменети за нашите клиенти, и секако делување како општествено-одговорна компанија која дава значаен придонес во сите сфери од општественото живеење“, изјави Бранка Павловиќ, Претседател на Управниот Одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Охридска банка во 2016 година е носител на три награди во категоријата Најдобра банка во Македонија од трите најважни банкарски авторитети – Global Finance, Euromoney и The Banker и носител на наградата Најдобра банка во Македонија во 2017 година од Global Finance и Euromoney.