Охридска банка нуди конкурентни каматни стапки на кредити плус кредитно животно осигурување

23

ohridska banka

Охридска банка Сосиете Женерал воведе промотивни услови за производите од своето кредитно портфолио, овозможувајќи им на клиентите да добијат станбен или кеш кредит со кредитно животно осигурување по исклучително конкурентни каматни стапки и услови на користење и без административен трошок за одобрување на кредитот, стои во соопштението.

“Со најновата понуда за станбен кредит со кредитно животно осигурување на Охридска банка Сосиете Женерал, клиентите добиваат фиксна каматна стапка од 4,60% за првите пет години, а притоа се ослободени од административниот трошок за одобрување на кредитот и од трошокот за процена на имотот“, велат од банката.

Клиентите кои ќе аплицираат за станбен кредит со кредитно животно осигурување ја добиваат можноста да изберат меѓу: основниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,44% осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа, и целосниот пакет за кредитно животно осигурување, со кој за 0,85% годишна осигурителна премија се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа и на болест, како и ризикот од трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќа.

Целосниот пакет, покрај апликантите за станбен кредит, е достапен и за сите други кредитокорисници. Освен конкурентната понуда за станбен кредит, Охридска банка Сосиете Женерал промотивно нуди и Кеш Експрес кредит со кредитно животно осигурување, со фиксна каматна стапка од 5,90% за првата година и без административен трошок за одобрување на кредитот. Сите клиенти што ќе ги препознаат придобивките на новата промотивна понуда на Охридска банка Сосиете Женерал можат да аплицираат најдоцна до 10 јули 2016 година.