Охридска банка нуди намалени каматни стапки на потрошувачки кредити со кредитно животно осигурување

25

ohridska banka kredit promo

Охридска банка Сосиете Женерал, од трети овој месец, воведува промотивна понуда во своето кредитно портфолио, овозможувајќи им на клиентите да добијат Кеш кредит, Компакт кредит или Кеш хипотекарен кредит со кредитно животно осигурување по исклучително конкурентни каматни стапки и поволни услови на користење, стои во соопштението..

Сите нови клиенти, кои во промотивниот период од 03.10.2016 до 31.01.2017, ќе аплицираат за Кеш или Компакт кредит, освен намалените каматни стапки дополнително ќе бидат ослободени од административен трошок и трошок за аплицирање.

Во промотивниот период Кеш Експрес кредитот со кредитно животно осигурување е со намалена каматна стапка на 5,75%, фиксна за првата година и без административен трошок и трошок за аплицирање, а Компакт кредитот со кредитно животно осигурување е со намалена каматна стапка на 5,90%, фиксна за првите две години, исто така без административен трошок и трошок за аплицирање. Кеш хипотекарниот кредит со девизна клаузула со кредитно животно осигурување е со фиксна каматна стапка од 6% за првите 3 години и намалени каматни стапки по третата година во зависност од клиентската група.

Клиентите кои ќе аплицираат за Кеш, Компакт или Кеш хипотекарен кредит,  единствено со Охридска банка Сосиете Женерал имаат можност да користат и пакет со кредитно животно осигурување, со којшто, во случај на настан кој го покрива осигурувањето добиваат поголема сигурност и финансиска поткрепа на семејството. Така, доколку се случи осигурениот настан; смрт како резултат на несреќен случај и/или болест; целосна и трајна инвалидност како резултат на несреќен случај или болест; трајна и целосна загуба на способноста како резултат на болест или несреќа, осигурителната компанија ќе ја подмири недоспеаната главнина од кредитот што клиентот ја должи кон банката. Кредитното животно осигурување им овозможува на семејствата посигурна иднина, заштитувајќи ги од оптоварување со долгови кон Банката.

Со воведувањето на оваа исклучително атрактивна промотивна понуда, Охридска банка Сосиете Женерал излегува во пресрет на потребите на клиентите и ја потврдува својата кориснички ориентирана стратегија и континуирана заложба на воведување нови, иновативни и конкурентни банкарски производи и услуги.