Охридска банка објавува конкурс за стипендирање на деца-музичари

49

Фото: Охридска банка Сосиете Женерал

Охридска банка Сосиете Женерал објави конкурс за стипендирање на млади инструменталисти во рамките на Клубот на таленти на банката.

Право на учество имаат млади инструменталисти на возраст 14-18 години и важи за сите кои свират на некој од следниве инструменти: клавир, хармоника, виолина, виолончело, виола, гитара, контрабас, хорна, харфа, обоа, кларинет, флејта, труба, фагот, саксафон, и тромбон.

Аплицирањето се врши електронски, директно на веб-страницата www.obsgklubnatalenti.mk, преку пополнување на формуларот за аплицирање.

Стипендијата е во вкупен износ од 2.400 евра, пресметани во денарска противвредност, според средниот курс на НБРМ на денот на исплатата на средствата. Овој фонд е определен и ќе се исплаќа на месечно ниво, во текот на една година.

Инаку, Клубот на таленти на ОБСГ произлегува од годишната програма за општествена одговорност на Охридска банка. Станува збор за платформа што е наменета за сите млади таленти и потенцијали во различни области.

Повеќе детали за учество и начинот на аплицирање ќе најдете на следниот линк.