Охридска банка со добивка од 208,5 милиони денари ги заврши деветте месеци од оваа година

20

ohridska-banka

Охридска банка Сосиете Женерал, од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 208.572.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период лани, банката прикажа добивка од 425.031.000 денари.

“Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 01.01. до 30.09.2017 година изнесува 208,6 милиони денари на којшто влијание имаа повисокиот износ на нето приходите од камати и нето приходите од курсни разлики, зголемување на другите приходи, но и повисокиот раст на исправка на вредноста на финансиските средства, поради што остварениот резултат е понизок во споредба со минатата година“, стои во Коментарот за остварените финансиски резултати на банката.

Нето приходите од камати на крајот од третиот квартал од 2017 година, како што стои во Коментарот, изнесуваат 888,7 милиони денари и забележуваат пораст од 5,9% во споредба со остварените нето приходи од камати во минатата година.

Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 202,9 милиони денари и во однос на истиот период од 2016 година се зголемени за седум милиони денари или 3,6%.