Охридска банка со нова веб платформа за електронско банкарство за правни лица

35

wellcome-page_obsgnet

За корпоративните клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал од денеска е достапна нова, подобрена веб платформа за управување со банкарски сметки на клиентите, стои во соопштението.

Новата платформа во рамките на услугите за електронското банкарство на Охридска банка Сосиете Женерал – ОБСГ Нет, им нуди можност на компаниите на едноставен, брз и пред сѐ безбеден начин, да управуваат со нивните денарски и девизни сметки, во било кое време, каде и да се.

Збогатена со бројни функционалности новата платформа поседува понапредни алатки за уште поедноставно користење. Дел од придобивките на новата платформа се: неограничен пристап до клиентските сметки 24/7 секаде во светот; можност за преглед на трансакциите и состојба на сметките во секое време; увид и во сметките на другите компании каде што корисникот на електронско банкарство е овластен потписник; сигурност, трајност и безбедност на податоците; едноставно извршување на плаќањата; без надомест за инсталација; достапна е на македонски и англиски јазик; достапна и за нерезидентни правни лица, кои отсега ќе можат да вршат и плаќања преку електронското банкарство; и уште многу друго.

“Достапноста на банкарските услуги, особено кај бизнис сегментот, е од исклучителна важност за непречено одвивање на секојдневните активности. Дигиталната трансформација низ која поминуваат речиси сите индустрии е од особена важност за стекнување на конкурентска предност и постигнување на високо ниво на корисничко задоволство. Навиките и трендовите се менуваат. Ако пред само неколку години, секоја коресподенција или трансакција помеѓу компаниите и банките се одвиваше исклучиво во експозитурите, денес, клиентите едноставно можат да управуваат со нивните банкарски сметки преку овие ’мобилни канцеларии’. Она што оваа нова, надградена и модерна платформа им го гарантира на клиентите е пред сѐ, високо ниво на безбедност, лесна и едноставна навигација низ понудените опции и прикази како и достапност согласно нивните потреби“, изјави Нина Неданоска, директор на секторот корпоративно и инвестициско банкарство во Охридска банка Сосиете Женерал.

Новата надградена платформа е достапна на истата адреса, и клиентите можат да пристапат кон неа со постојните пристапни информации (истиот сертификат и PIN број издаден од Охридска банка Сосиете Женерал, или сертификат издаден од кои било други издавачи на сертификати).