Охридска банка со промена на начинот на пресметка на каматна стапка

34

ohridska-banka-logo

Охридска банка ги информира клиентите за променети во делот на кредитните картички и пречекорување на трансакциска сметка, стои во соопштението.

Промените се однесуваат на:

  • промена на начинот на утврдување на каматната стапка;
  • дополнителна формулација на одредбата во Договорите за кредитни картички којашто се однесува на пресметка на каматата.

Почнувајќи од 01.07.2017 година Охридска банка Сосиете Женерал изврши промена на начинот на утврдување на каматната стапка на пречекорување на трансакциска сметка и на кредитните картички. Со оваа промена, каматата е променлива и истата е во висина на каматната стапка од основниот инструмент од операциите на отворен пазар на Народната банка на Република Македонија (референтна стапка), што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие:

  • зголемена за осум процентни поени за MasterCard Standard и VISA Classic кредитните картички и за пречекорувањата на трансакциска сметка;
  • зголемена за 6,75 процентни поени за MasterCard Gold и VISA Gold кредитните картички;
  • зголемена за 5,70 процентни поени за MasterCard Platinum кредитните картички; но не повисока од определената со Закон.

Референтната стапка се определува за секое календарско полугодие и се применува за тековните шест месеци (до крајот на полугодието). Референтната стапка НБРМ ја објавува на својата веб страница на почетокот на секое полугодие.

“Со цел да излезе во пресрет на Вашите барањата и да Ви го објасни начинот на пресметка на камата на кредитните картички, Охридска банка Сосиете Женерал изврши дополнителна формулација на одредбата во Договорите за кредитни картички која се однесува на пресметка на каматата на корисникот на кредитната картичка не му се пресметува камата на искористениот кредитниот лимит, ако го отплати целокупниот искористен кредитeн лимит наведен во месечниот извод најдоцна до 12-ти наредниот месец (за VISA кредитни картички), односно 15-ти наредниот месец (за MasterCard кредитни картички), за искористениот кредитен лимит во текот на претходниот месец. На искористениот, а неподмирен износ од кредитниот лимит се пресметува камата сметано од првиот ден во месецот во следниот пресметковен период. Месечните обврски се засметуваат кумулативно, при што сите неподмирени обврски од претходниот месец се засметуваат во наредниот месец“, велат од банката.