Охридска банка со промоција на картички со осигурување со каматна стапка од 6,45%

24

ohridska banka

Охридска банка Сосиете Женерал воведе промотивна понуда на картички со осигурување со каматна стапка од 6,45% и без провизија за првата година.

“Сите нови корисници кои во периодот од 02.06.2016 г. до 30.09.2016 г. ќе аплицираат за некоја од кредитните картички на Охридска банка ‒ Сосиете Женерал, освен што добиваат картичка со вклучено осигурување (Ин-кардс), кое е бесплатно за имателите на картичките и опфаќа листа на неживотно осигурување во зависност од видот на картичката за целото нејзино времетраење, добиваат и промотивно намалена каматна стапка од само 6,45% и користење на картичката без провизија за првата година“, стои во соопштението на банката.

Промотивната каматна стапка важи до крајот на годината, односно до 31.12.2016 година. Промоцијата е валидна за следниве картички : Мастеркард стандардна кредитна картичка, Мастеркард златна кредитна картичка, Мастеркард платинеста кредитна картичка, Виза класична кредитна картичка, Виза златна кредитна картичка.

Картичките со осигурување ги имаат сите карактеристики на платежна картичка и можат да се користат во земјата и во странство за: плаќање во малопродажба, интернет плаќања, како и повлекување на готовина од банкомат. Предноста на овие картички е осигурувањето, кое е вклучено, а кое важи за патување во странство на корисникот и неговото потесно семејство насекаде во светот со максимално времетраење од 90 дена доколку патувањето е во целост платено со картичката. Во зависност од типот на картичката, осигурувањето покрива: медицинска помош, помош при патување, смрт од незгода во странство и доцнење на лет или багаж.

Дополнително, а за уште поголема заштита на корисникот и на неговите финансиски средства, за месечна претплата од само 30 денари, Охридска банка ‒ Сосиете Женерал на клиентот му овозможува точна и навремена СМС нотификација за секоја направена трансакција со картичката: плаќање на продажни места, плаќање преку интернет, повлекување на готовина на банкомат. Ин-кардс картичките со осигурување се понуда која на македонскиот пазар за прв пат ја воведе Охридска банка ‒ Сосиете Женерал минатата година, а која годинава, поради големиот интерес, е промотивно збогатена со дополнителни придобивки за корисниците.