Охридска банка со промотивни услови на кредитите за население

17

Ohridska-banka

Охридска банка воведе промотивни каматни стапки кај кредитите за население и пакети за осигурување. Понудата на кредити Плус осигурување им овозможува на клиентите да изберат комбинација на поволни услови со дополнителна заштита.

Охридска банка, групација Сосиете женерал одобрува кредити со кредитно животно осигурување, со намалени промотивни каматни стапки: Станбен кредит – каматна стапка од 4,55%, фиксна за првите 5 години; Кеш експрес кредит – каматна стапка од 5,75%, фиксна за првата година и Компакт кредит за рефинансирање – каматна стапка од 6,35%, фиксна за првата година.

Паралелно, Охридска банка воведува и нов, основен пакет на осигурување со кој за 0,44% осигурителна премија, се покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа. Овој пакет е достапен за сите апликанти за станбен кредит. Вообичаениот целосен пакет за кредитно животно осигурување, кој изнесува 0,85% годишно од износот на кредитот, останува достапен за сите кредитокорисници.

Промотивните каматни стапки важат за сите нови апликации до 3 јули 2015 година.

Охридска банка продолжува со своите напори да излезе во пресрет на очекувањата од клиентите со понуда на кредити соодветни на нивните потреби и со едноставен концепт на осигурување. Уникатната понуда со која клиентите имаат на располагање Банка Плус Осигурување, достапна на исто место и во исто време, ќе го збогати пазарот на банкарски услуги во Македонија.