Охридска банка Сосиете Женерал воведува нови промотивни услови за клиентите кои во претстојниот период до 31.07.2017 ќе аплицираат за Нај нај кеш кредитот, стои во соопштението.
Во рамки на промотивниот период, клиентите кои ќе го одберат Нај нај кеш кредитот со гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот, покрај поволните каматни стапки со вклучено кредитно животно осигурување, ќе бидат ослободени од административните трошоци и трошоците за апликација.
Нај нај кеш кредитот за физички лица е прв на пазарот според своите карактеристики, којшто се одликува со стабилна и гарантирана каматна стапка за целото времетраење на кредитот.
За клиентите на располагање се три можности за фиксни каматни стапки, со различни промотивни каматни стапки за првите периоди на кредитот.
Во зависност од желбите и потребите на клиентите, на располагање им се три понуди, односно, првата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 5,75% за првите 12 месеци и фиксна каматна стапка од 8,45% од 13-от до 95-от месец; втората опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,10% за првите 24 месеци и фиксна каматна стапка од 8,25% од 25-от до 95-от месец; и третата опција подразбира промотивно намалена каматна стапка од 6,45% за првите 48 месеци и фиксна каматна стапка од 7,75% од 49-от до 95-от месец.
Каматните стапки се валидни со вклучување на кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот.
Дополнително, сите нови клиенти, кои ќе ги рефинансираат своите долгови со нај нај кеш кредитот во Охридска банка Сосиете Женерал, покрај промотивните придобивки, ќе добијат и дебитна картичка, којашто за првата година е без без трошоци, како и бесплатно користење на услугите Моја банка ‒ Мобилно банкарство, електронско банкарство и СМС известувања за период од шест месеци.