Охридска банка Сосиете Женерал доби престижно признание од Глобал Фајнанс

43

ohridska-banka

Охридска банка Сосиете Женерал е прогласена за најдобра банка од Македонија за 2016 година од светски познатиот магазин Глобал Фајнанс, којшто на 15-ти март 2016 година по 23-ти пати ги именуваше најдобрите банки на пазарите во развој во централна и источна Европа.

Уредништвото на Глобал Фајнанс, како што стои во соопштението, врз основа на резултатите од 2015 година и согледувањата на еминентните аналитичари од областа, како и извршни директори и банкарски консултанти ја избра Охридска банка Сосиете Женерал Македонија за најдобра банка на пазарите во развој заедно со уште неколку банки од регионот и во уште 21 земја.

Дополнително, Глобал Фајнанс спроведе анкета меѓу своите читатели со цел да ја зголеми точноста и релевантноста на податоците.

Критериумите за избор на победниците вклучуваат раст на актива, профитабилност, стратешко партнерство, корисничка услуга, конкурентност и иновативни производи.

“Горди сме што годината Охридска банка Сосиете Женерал е единствена банка од Македонија којашто добива престижна награда од Глобал Фајнанс. Успеавме да одговориме на високо поставените критериуми од страна на Глобал Фајнанс со што докажавме дека Охридска банка Сосиете Женерал посветено, стратешки и на долг рок работи на македонскиот пазар. Во своето долгогодишно работење банката имаше значајна улога во развојот и трансформациите на банкарскиот систем и прерасна во современа финансиска институција од универзален тип со развиен корпоративен и инвестициско банкарски сегмент, разгранета мрежа на експозитури, широко портфолио на финансиски производи и услуги, софистицирана информатичка технологија и високостручен кадар“, изјави Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Наградата на Охридска Банка Сосиете Женерал за најдобра банка од Македонија на пазарите во развој во Централна и Источна Европа ќе и биде доделена на свечена церемонија на 8 октомври 2016 година во рамките на годишното собрание на ИМФ / Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД. Покрај тоа, од Групацијата Сосиете Женерал наградена во истата категорија е и БРД од Романија, како и неколку подружници во Африка: Алжир, Брегот на слоновата коска, Сенегал и Гвинеа кои се наградени во други категории.