Охридска банка Сосиете Женерал ја наградува лојалноста на корисниците на Вестерн Унион услугите

13

 

ohridska-banka

Охридска банка Сосиете Женерал ја започна Новата година со специјална програма за лојалност за корисниците на услугите на Вестерн Унион.

Со специјалната понуда достапна во текот на промотивниот период, што ќе трае до 28 февруари 2017 година, Охридска банка Сосиете Женерал го наградува со подарок секој клиент кој ќе направи најмалку три трансакции преку Вестерн Унион, реализирани во било која експозитура од мрежата на банката ширум земјата.

Охридска банка Сосиете Женерал ја овозможува оваа дополнителна услуга имајќи ја предвид потребата за забрзување на процесот на трансфер на пари за голем број семејства ширум светот, за иселениците кои ги помагаат своите семејства во Македонија, за туристите и патниците, како и за деловните луѓе кои сакаат непречено да ги извршуваат своите готовински трансакции.