Охридска банка Сосиете Женерал за девет месеци прикажа добивка од 531,5 милиони денари

18

Охридска банка Сосиете Женерал во текот на деветте месеци од оваа година прикажа добивка во вредност од 531.571.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, банката евидентираше добивка од 208.572.000 денари.

“Кумулативниот реализиран финансиски резултат за периодот од 01.01.2018 до 30.09.2018 година изнесува 531,6 милиони денари и е значително повисок, односно за 2,5 пати во однос на остварениот резултат за истиот период минатата година, што во основа е резултат на пораст на приходите од редовно работење, пониски оперативни трошоци и пониска цена на чинење на ризикот“, стои во Коментарот за остварените резултати објавен на Македонска берза.

Нето приходите од камати, како што се наведува, на крајот на септември оваа година изнесуваат 872,8 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се пониски за 15,9 милиони денари или за 1,8%.

Нето приходите од провизии и надоместоци, во износ од 233,4 милиони денари, како што стои во Коментарот, се зголемени за 30,5 милиони денари или за 15% во однос на истиот период минатата година.