Охридска софра за крајот на туристичката сезона

45

За крајот на годинешнава туристичка сезона охриѓани подготвуваат Охридска софра, манифестацијата која се планира да прерасне во традиционална.

Во селото Скребатно на 24-ти овој месец ќе има голем собир, каде ќе бидат промовирани сите охридски специјалитети и пијалаци.

Традиционалната ѓомлезијада која во минатото се одржуваше, сега ќе биде збогатена со питулици, комади под сач и други надалеку познати охридски специјалитети.

“На овој начин не само што ќе дадеме еден симболичен крај на туристичката сезона, туку ќе извршиме пообемна промоција на традиционалните охридски специјалитети, кои што верувам се добро познати насекаде”, вели Ѓоко Апостолов, раководител на сектор за туризам и ЛЕР.

Во прекрасната природна убавина во атарот на манастирот Света Богородица, посетителите ќе уживаат и во богатата музичка програма.

“За време на манифестацијата ќе имаме настап на наследниците на охридските чалгаџии, aнсамблот Билјана јуниор и како главни ѕвезди на манифестацијата ќе имаме концерт на групата Љубојна”, додава Апостолов.

Туристите и посетителите во Скребатно покрај тоа што ќе ги вкусат познатите охридски специјалитети ќе може да гледаат и како се приготвуваат.