Околу 2.500 лозари од Неготино и Демир Капија добија субвенции

24

Почнувајќи од петокот во попладневните часови, па до денеска, субвенции за одржување на лозови насади добија околу 2.500 лозаропроизводители од општините Неготино и Демир Капија, информираше денеска Ѓорѓи Ајтов, раководител на подрачната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино, пишува Миа.

“Лозаропроизводителите добија по 4.000 денари за декар лозов насад. Исто така, се врши и исплата на субвенциите за житарици и крупен добиток за 2015 година“, соопшти Ајтов.

Тој појасни дека останатите лозаропроизводители кои аплицирале за субвенции, финансиските средства ќе ги добијат во текот на овој месец, до крајот на годината.

“На име  субвенции за 2015 година, финансии во висина од околу 5.000.000 евра ќе им бидат исплатени на близу 4.300 земјоделци од општините Неготино и Демир Капија“, додаде Ајтов.

Истовремено, информираше тој, по 20% плус, линеарно за сите мерки за субвенционирање, добиваат сите регистрирани земјоделци за 2014 година.