Околу 20% од вработените во светот работат од дома поради пандемијата

66

Работниците кои работат од дома имаат потреба од подобра законска заштита, порачува Меѓународната организација на трудот (International labor organization – ILO), во контекст на пандемијата што го зголеми овој тренд .

Агенцијата на Обединетите Нации проценува дека 20% од вработените во светот биле принудени да работат од дома на првиот пик од пандемијата во првите месеци од минатата година.

Пред пандемијата, од дома работеле околу 260 милиони луѓе, што е за 7,9% од глобалната работна сила. Скоро 166 милиони од нив се во Азија. Во Европа, земји со најголем број на работници кои работат од дома се Велика Британија, Холандија, Финска и Австрија.

ILO предупредува дека индустриските работници кои работа од дома и работниците кои од дома работат за дигитални платформи имаат послабо социјално осигурување.

Прописите за социјално осигурување често не се спроведуваат правилно, а многу работници и го немаат бидејќи се класифицирани како самовработени.

ILO утврди дека работниците кои работат од дома заработуваат помалку од останатите, дури и кога ќе се исклучат фактори како што се возраст, образование и работно место.

Фото: Freepik