Околу 25% од Русите во ризик од сиромаштија

17

Околу 25% од Русите или 36 милиони жители може да се сметаат за лица со ниски приходи, со износи што се под прагот од 60% од медијалната заработка, покажуваат истражувањата, пренесува агенцијата Tass.

“Во текот пандемијата во 2020 година, 24,6% од Русите или 36 милиони луѓе имале приходи под 60% од медијалната заработка. Тоа значи дека за една четвртина од населението на Русија може да се каже дека има ниски приходи, а луѓето во таква состојба се во ризик од сиромаштија“, се наведува во студија на меѓународната ревизорска компанија FinExpertise.

Русите со помали примања се двојно повеќе од официјалните показатени, чии месечни приходи не достигнуваат до егзистенцијалното ниво од околу 151 долар. Во 2020 година, бројот на сиромашни Руси изнесува официјални 17,8 милиони или 12,1% од населнието.

Експертите напоменуваат дека медијалната заработка е порелевантен показател за проценка на состојбата на населението одошто просечната плата, чиј износ е преценет поради висината на платите на богатите. Прагот од 50% на медијалната заработка обично се користи како одредница за сиромаштија, додека приходите под 40% од просекот се критериум за екстремна сиромаштија.

Минатата година медијалната заработка во Русија изнесува околу 360 долари.

Фото: Freepik