Околу 5.000 фирми на Косово затворени поради пандемијата

24

Околу 5.000 фирми се затворени на Косово како последици од пандемијата, а оваа бројка до крајот на годината би можела да се зголеми, пренесува Косово онлајн.

“Од март наваму, според наште проценки и информации од терен, околу 5.000 компании ја запреле својата активност, банкротирале и тоа е голема грижа. Верувам дека оваа бројка ќе биде уште поголема до крајот на годината, а процедурите за затворање на компании се комплицирани“, смета Агим Шахини, претседател на Косовската деловна асоцијација.

Тој вели дека косовската економија е во минус поради намалување на странските инвестиции, како и интересот на локалните компании за нови вложувања.

“Економијата се соочува со сериозен пад, дел поради странските инвестиции и поради падот на интересот на локалните претприемачи за нови инвестиции. Намалени се и вложувањата на дијаспората, кае што имаме само 10% од она што го имавме минатата година, а на косовскиот пазар му недостасуваат околу 500 милиони евра свежи пари што доаѓаат од дијаспората“, вели тој.

Фото: Pexels