Околу 500 компании ја злоупотребиле државната помош, најчесто мали фирми

143

Повеќето компании кои злоупотребиле државна помош за време на пандемијата се главно мали фирми со еден до пет вработени, рече директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, која гостуваше во емисијата Економски магазин на Алсат.

Според неа, компаниите од оваа категорија, сметајќи дека се занемарливи од системот на Инспекторатот, ги чувале парите за себе и не им дале ништо на своите вработени. Но, таа нагласи дека казните во вакви случаи се движат од 1.000 до 10.000 евра.

“Според анализата за даночните обврзници, кои направиле злоупотреба, станува збор за компании кои имаат од еден до пет вработени. Имајќи предвид дека системот не може да ги детектира или дека работат во многу тешка ситуација, тие веќе имаат неисплатени плати. Од друга страна, тие сметаат дека нема да правиме контроли. Не можам да кажам дека казните се мали затоа што станува збор за помали прекршоци кои се движат од 1.000 до 10.000 евра за компании, плус казни што ќе ги изрече Државниот инспекторат за труд, плус кривична одговорност на која ќе инсистираме“, рече Лукаревска.

Одредени компании кои добиле државна помош за исплата на вработените, не ги исплатиле своите работници. Според неа, има околу 500 такви компании.

“Можам да кажам дека со состојбата од пред два дена имаме околу 500 компании кои злоупотребиле. До крајот на јануари имаме дополнително време да видиме дали ќе се изврши плаќањето за потоа да се извести јавноста. Оние компании кои злоупотребиле за месеците април, мај и јуни, не можат повторно да аплицираат за оваа државна помош затоа што системот автоматски ги одбива“, рече Лукаревска.

Фото: Pixabay