Околу 540 милијарди долари им пратиле гастербајтерите на своите семејства

53

Дознаките од странство во текот на минатата година забележаа благ пад, давајќи им поддршка на милиони луѓе во земјите со ниски и средни приходи, соопшти Светска банка.

Дознаките минатата година се намалени за само 1,3% на 540 милијарди долари, покажуваат податоците на Светска банка.

Падот е значително понизок во однос на времето од глобалната финансиска криза во 2009-та година, кога дознаките се намалиле за 4,8%, а понизок е и во споредба со падот на странските директни инвестиции во земјите со ниски и средни примања, кога ќе се исклучи Кина којашто лани се намали за повеќе од 30%.

Странските директни инвестиции во тие земји минатата година се намалија на 259 милијарди долари, а развојната помош изнесуваше 179 милијарди долари.

Дознаките најчесто ги испраќаат иселениците во богатите земји на семејствата во сиромашните матични земји, а според Светска банка функционираат како “клучна поддршка на сиромашните и ранливите“.

Фото: Freepik