Околу 690 милиони луѓе во светот легнуваат гладни

36

Над 40 милиони луѓе ширум светот се во непосреден ризик да бидат гладни, соопшти Светската програма за храна (World Food Programme – WFP), наведувајќи дека цените на основните намирници сè повеќе ги комплицираат веќе постоечките притисоци за обезбедување храна.

Извршниот директор на WFP, Дејвид Бејсли, предупреди дека уште пола милион луѓе имаат услови да бидат гладни, а тоа е ситуација во четири земји.

WFP, којшто во целост се финансира од доброволни донации, соопшти дека веднаш треба да се соберат шест милијарди долари за да може да добијат храна луѓе кои се во ризик во 43 земји во светот, пренесува Ројтерс.

Гладта оваа година би можела да ги погоди Етиопија, Мадагаскар, Јужен Судан и Јемен, како и делови од Нигерија и Буркина Фасо.

Бејсли предупреди дека не се расправа за бројки што водат до смрт како што е случајот со Сомалија во 2011 година, кога 130.000 лица починале пред да биде прогласена опасност од глад.

WFP, којшто доби Нобелова награда за мир минатата година, наведе дека 9% од популацијата или околу 690 милиони луѓе навечер легнуваат гладни.

Фото: Pexels