Околу 70 хотели на Халкидики во Грција се продаваат

Околу 70 хотели на Халкидики во Грција се ставени на продажба од почетокот на пандемијата, пренесува српски Blic.

Цените на хотелите зависат од локацијата, капацитетот за сместување на гости како и годината на изградба.

Па така, хотел во Полихроно којшто е изграден во 1990 година и има 41 соба чини 2,1 милиони евра. Туристички објект во Никити има 25 соби, а поскап е од претходниот за милион евра. Понов хотел на Касандра, којшто има 28 соби, чини девет милиони евра, а објект којшто е на самиот брег на ова место се продава за 5,5 милиони евра и има капацитет од 22 соби.

Во рангот на поскапи хотели се наоѓа хотел покрај плажа којшто е изграден 1968 година и има 130 соби, а неговата цена изнесува 11,7 милиони евра.

Фото: Pixabay