ОКТА донираше противпожарна опрема за општина Илинден

23

-3

Општина Илинден доби противпожарна опрема од компанијата ОКТА што ќе ја користи Доброволното противпожарно друштво на општината, и се состои од противпожарно возило и друга дополнителна опрема (пумпи, ПП скала, црева, разни типови на млазници, разделници, собирници и др.)

“Долгогодишната соработката со општината е важен дел од општествено одговорнoто делување на ОКТА. Со оваа донација ќе и овозможиме на општината да биде подготвена самостојно да интервенира во случај на потреба. Сигурни сме дека нашата поддршка ќе продолжи и понатаму во остварување на заеднички проекти”, изјави Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА.

Покрај донираната опрема, противпожарната единицата од секторот здравје, безбедност и животна средина на ОКТА ќе ги обучи припадниците на противпожарното друштво за соодветно ракување со опремата.

“Донираната противпожарна опрема ќе ни овозможи поголема контрола и мобилност при услови на природни непогоди и други несреќи. Оваа донација е од големо значење бидејќи имаме истовремено и опрема и обука што ќе ни го олесни практичното користење на донацијата. На овој начин заштедуваме и значителни финансиски средства. Големо е нашето задоволство што ја продолжуваме успешната соработка со компанијата ОКТА во која гледаме свој партнер и пријател на долги релации“, изјави Жика Стојановски, градоначалник на Општина Илинден.

Противпожарната опрема треба да помогне во одржувањето и зголемувањето на ефикасноста во случаи со справувањето со пожар, појава на елементарни или природни непогоди, како и други несреќи.