Од 15 до 20 ноември ќе се одржи 43-тото издание на Фестивалот за деца Златно славејче, на кој традиционално првиот фестивалски ден ќе биде хуманитарен и посветен на децата без родители и децата со посебни потреби. Оваа година покровител на хуманитарната претстава ќе биде компанијата ОКТА, која на 15 ноември ќе собере на едно место повеќе од 700 дечињата од различни посебни основни училишта и институции.
“ОKTA како компанија која се грижи за среќата на децата повеќе од 10 години е пријател на Златно славејче. Оваа година решивме да одиме чекор понапред и да бидеме главни покровители на хуманитарниот фестивалски ден и да споделиме со овие дечиња весели моменти на игра, детска песна и смеа. Се надеваме дека овој настан ќе им остане во убаво сеќавање, а ние како компанија ќе се потрудиме ова да прерасне во традиција за да имаме можност и во иднина да се дружиме со нив”, изјави г. Виктор Папаконстантиноу, главен извршен директор на ОКТА .
Оваа година хуманитарната акција на ОКТА ќе биде посветена на следните училиштата и институции: Посебните основни училишта Иднина и Д-р Златан Сремец од Скопје, Маца Овчарова од Велес, Св.Климент Охридски од Струмица и Симче Настески од Тетово, потоа Заводите за рехабилитација Топанско поле и Димитар Влахов – за слепи лица, Заводите за згрижување Ранка Милановиќ и 25 Мај, децата од СОС Детско село и од Домот за деца без родители 11 Октомври и многу други.
ОКТА како компанија со голема општествена одговорност уште еднаш ја покажа својата хуманост, подавајќи ја раката на најранливата група на дечиња во земјава. ОКТА како најголема компанија во земјава ќе продолжи и во иднина да се грижи за општеството, посебно за децата, здравјето и средината.