Окта во најмоќните 100 компании во југоисточна Европа

50

Веб-страната Сињуз неодамна ја објави својата топ 100 листа на најуспешни компании во југоисточна Европа. Во овогодинешното, петто по ред рангирање на најдобрите компании во регионот, рафинеријата Окта се најде на 59то место. Минатата година Окта беше единствена компанија од Македонија која се најде на листата.

Помеѓу најуспешните банки во регионот се најдоа и Комерцијална Банка на 56то, Стопанска Банка АД на 59то и НЛБ Тутунска на 64-то место.

Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Бугарија, Косово, Романија, Србија, Хрватска и Словенија беа земјите вклучени во истражувањето и рангирањето на Сињуз.

Годинава за прв пат е вклучено истражување за успешноста на компаниите во Грција и Турција, со што се овозможува и нивно рангирање на топ 100 листите во југоисточна Европа во иднина.

Оваа година за најдобра компанија на топ 100 листата е избрана ОМВ Петром СА од Романија, а за најдобра банка е прогласена Комерцијална Банка, исто така од Романија.