Октоберфест годинава ќе трае два дена подолго

23

До Октоберфест има повеќе од два месеци, но подготовките се веќе започнати. Недалеку од центарот на Минхен има големо градилиште, а пристапот е забранет од понеделник.
Годинешниот Октоберфест ќе трае од 16 септември до 3 октомври – два дена подолго од вообичаеното. Продолжувањето треба да се совпадне со празник бидејќи Денот на обединувањето на Германија, 3 октомври, се паѓа во вторник.

Таков „XXL“ Октоберфест, како што тој го нарече, ќе биде уште една успешна приказна, изјави директорот на фестивалот Клеменс Баумгартнер. Тој посочи дека лани имало 5,7 милиони посетители, бидејќи во 2021 и 2020 година немало фестивали поради пандемијата.

Тоа беше половина милион луѓе помалку отколку во 2019 година – но поради лошото време, потсети Баумгертнер.