На глобалната платформа Kickstarter се појави уште една успешна приказна од регионот. Станува збор за таканаречениот стејтборд за куфер или ранец – Olaf, што нуди поинакво искуство при патување.
Зад овој проект стои главниот дизајнер Бостјан Загар од Словенија, чија цел е да собере 30.000 канадски долари на Kickstarter за да може да ја реализира неговата идеја. За таа цел, досега се собрани над 12.000 канадски долари, а на располагање ќе има уште 27 дена за остварување на неговата идеја.
Olaf има два дизајна, едниот наменет за бизнисмени, кои често патуваат, па им го олеснување носењето на куферот, додека вториот има урбана димензија и служи како “транспорт“ на ранец.
“И двата модела многу лесно се вклопуваат во вашиот животен стил. Иновативната платформа и дизајн овоможуваат одлично искуство и Olaf е вашиот идеален придружник без разлика што и да правите – одење на училиште или на работа, шопинг, патување во странство или обична прошетка“, стои на официјалната страница на овој старт – ап.
Моделите на Olaf се адаптирани за потребите на сите луѓе, без разлика на нивниот пол или професија. Носивоста им е 100 килограми, а поради ергономскиот облик, рефлектирачки материјал и вградени сопирачки, се целосно безбедни за корисниците.
“Мислењето на корисниците ни е посебно важно, се радуваме на нивните позитивни реакции, што ни покажува дека сме на вистинскиот пат. Веќе ги почнавме подготовките за собирање средства за сериско производство преку Kickstarter“, вели Загар.