Олеснети процедурите за данок на добивка за спортските обложувалници

47

kladilnici-37ecf450 Обложувалниците членки на Услужната комора на Сојузот на стопански комори се задоволни од барањата за олеснување на процедурите за плаќање на данокот на добивка остварен во спортските обложувалници.
Во согласност со Законот за персонален данок на доход, кај посебните игри на среќа се предвидува одданочување од 10% од реалната добивка, односно сумата на исплата минус сумата на уплата, на секој поединечен тикет.
Од обложувалниците членки на ССК појаснуваат дека играчите на игрите на среќа нема да имаат обврска добивките од спортската обложувалница да ги пријавуваат во своите годишни даночни пријави во УЈП, ниту пак обложувалниците ќе им издаваат потврда за тоа.
“Останува обврската на спортските обложувалници да ги евидентираат сите граѓани кои оствариле добивка на своите уплатно-исплатни места, за истите да подготвуваат месечни извештаи до надлежните институции, да им задржат 10% од реално остварената добивка и во нивно име да го плаќа персоналниот данок на добивка”, велат од спортските обложувалници.