Олгица Ѓоргиева претстави линија на маици со мотивирачки пораки

44

Во модното ателје на Олгица Ѓоргиева од денеска, 23.06, пуштени се во продажба маички изработени од страна на дизајнерката со мотивирачки пораки за секој ден од неделата.

“Идејата за воведување на линија на маички ја имам од поодамна. Со мојот тим одлучивме ова лето да ги промовираме маиците кои визуелно изгледаат како календар, што е и главниот мотив во самиот принт. За секој ден од неделата испишана е по една порака на англиски јазик со транскрипција на самиот збор”, вели Ѓоргиева.
Главна идеја на овој проект е можноста маиците од ГО Ѓоргиева Олгица да се носат секојдневно без разлика дали сте на работа или уживате со пријателите на кафе. Изработени се во црни и бели бои, дизајнот е едноставен и токму поради тоа се применливи во текот на целиот ден.
Од тимот на Ѓоргиева најавуваат дека ова е само почеток и дека линијата на маици во следниот период постојано ќе расте и ќе се менува.
Во моментов сите љубители на дизајнот на Ѓоргиева, маички може да си набават во нејзиното ателје, но и преку официјаната facebook страна на креаторката.