OliveBox – апликација за продажба, порачка и фактури за мали и средни претпријатија

69

olive box

OliveBox е cloud апликација наменета за мали и средни претпријатија што се состои од e-mail маркетинг, мобилен маркетинг, порачки, фактурирање и управување со клиенти и контакти. Се што е потребно за продажба, порачка и фактурирање се наоѓа во оваа апликација, пренесува Пословни дневник.

Со нејзина помош секој документ и извештај може да се трансформира во pdf документ и да се испрати на електронската адреса на клиентот. Апликацијата се темели на партнерство бидејќи кога ќе се вметнат сите информации за партнерот, размената на документи со OliveBox се одвива без никаков проблем.

Токму оваа апликација, која што ја креираше компанијата OliveBytes е победник на натпреварот Ѕид на деловниот успех во Хрватска. Ова меѓународно натпреварување има за цел да ги пронајде најдобрите иновативни деловни апликации чија цел е да се подобрат деловните процеси, ќе им заштеди време и ќе влијае на подобрување на квалитетот на производите и конкурентноста на малите и средни претпријатија во Словачка, Романија, Чешка, Полска, Унгарија и Хрватска.