Омилени дестинации за одмор на милионери

103

Фото: Pixabay

Луѓето кои имаат милиони на своите сметки секојдневно имаат главоболки околу тоа како да го задржат и зголемат своето богатство. Па кога ќе дојде летото заслужено заминуваат некаде на одмор за да можат да се одморат од сè и да соберат доволно енергија за новите предизвици.

Подолу за некои од омилените дестинации за оние со “малку“ подлабок џеб.

Британски девствени острови – на ова мало парче рај, свој приватен имот има милионерот Риџард Брансон, но често го посетува и семејството на поранешниот американски претседател Барак Обама. За сите удопства на островот, вклучувајќи сместување, храна, водени спортови и други активности… треба да се одвојат околу 5.000 долари дневно.

Првиот човек на Microsoft, Бил Гејтс сака да го запознава местото што го посетува и одблизу да ја почувствува културата, историјата и традицијата. Тој е познат како вљубеник во убавините на Хрватска, а едно од омилените места му е островот Хвар.

Рускиот милионер, Роман Абрамович е голем љубител на јахти, па со нив може да патува на отворено море и да ужива на различни дестинации. Едно од омилените места му е островот St. Barts, но има и своја викенд куќа на Карибите.

Режисерот Стивен Спилберг, пак, својот омилен дел од летото сака да го помине во патување низ Ирска, каде што сака да слуша традиционална музика во паб, да јаде риба во локален ресторан и да вози велосипед.

Позната американска ѕвезда, Опра Винфри својот омилен одмор го поминува на Фиџи. Таа ужива во мирното море, тропската клима, долгите песочни плажи и ексклузивните хотели.