OmoReader – хрватска апликација за деца со дислексија

24

Фото: Facebook

Лабораторијата за визуелна комуникација, OmoLab од Хрватска осмисли бесплатна апликација за деца со дислексија, пишува Пословни дневник.

Станува збор за апликацијата OmoReader и фонтот OmoType наменети за деца кои се соочуваат со дислексија*.

“Идејата се роди пред отприлика пет години кога на мојата ќерка ѝ беше дијагностицирана дислексија. Бев изненаден колку малку во јавноста се знае и се зборува за овој проблем што го има околу 10% од популацијата во Хрватска. Концептот Omo настана како одговор на презаситеноста од информации и неуспешната комуникација, а е замислен како простор за размислување, емоции и соништа“, вели Петар Реиќ, сопственик на OmoLab и креатор на фонтот OmoType.

Овој фонт е тестиран на 15 дечиња кои се соочуваат со проблеми при читање, а се на возраст од 10 до 14 години. Тестирањето траело три месеци, а резултатите покажале дека со OmoType децата читаат побрзо.

*дислексија е состојба во којашто постојат потешкотии при читање и разбирање на текстот.