ОН: Глобалниот раст годинава ќе биде 5,4%

15

Светската економија ќе помине подобро одошто се предвидувало претходно, но бавната вакцинација против коронавирусот во многу земји во развој ќе го забавуваат нејзиното економско заздравување, објавија Обединетите нации.

Се очекува глобалниот економски раст оваа година да достигне 5,4% по падот од 3,6% во 2020 година, според најновиот извештај на ОН за светската економија, пренесува Ројтерс.

Но, перспективите за раст во некои земји во јужна Азија, подсахарска Африка и Латинска Америка и понатаму се неизвесни поради бавниот напредок со вакцинација.

“Нееднаквоста во набавката на вакцини меѓу земјите и регионот претставуваат значаен ризик за нерамномерното глобално закрепнување“, смета Елиот Харис, главен економист на ОН.

Навремениот и универзален пристап на вакцинација против пандемијата ќе биде “тег на вагата“ за окончување на пандемијата или за загуба на уште многу години раст, развој и можности.

Кина и САД, коишто брзо напредуваа со имунизација, оваа година очекуваат економски раст од 8,2 и 6,2%.

Обединетите нации веќе долго време апелираат дека вакцините мора да бидат достапни за сите и да се издвојат повеќе пари за финансирање на Ковакс механизмот, чија цел е до 2021-ва година да купи до 1,8 милијарди дози за да се обезбеди рамномерен пристап.

Фото: Pexels